| |

Минимално зголемување на индустриското производство лани во однос на 2016 година

Индустриското производство лани, во однос на 2016 година е зголемено за 0,2 проценти објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во декември лани во однос на истиот месец во 2016 година, бележи пораст од 1,8 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,5 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 11,2 проценти.

Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред се, на намаленото производство на прехранбени производи, на пијалаци, на тутунски производи, на облека, на други неметални минерални производи и производство на метали.

Извор: Мета

Слични Објави