ДЕВОЈКА ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ВО ВЛАЕ, „СЕАТОТ“ ВО КОЈ СЕ ВОЗЕЛА СЕ ЗАБИЛ ВО КАНДЕЛАБРА

На 13.10.2020 во 02.00 часот било пријавено дека на улица Војвода Васил Чакаларов во Скопје, патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(29) од Скопје, излетало од коловозот и удрило во канделабра.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.А.(27) од Скопје, констатирани во Комплекс  клинки „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен би увид на местото на нeзгодата од увидна екипа од СВР Скопје.