СЕ ОЧЕКУВА ПРЕСУДА ЗА КАЗНИТЕ, ОБВИНИТЕЛКАТА ПРЕДЛОЖИ 13 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ОБВИНЕТИТЕ ОД ЗЛАТНА ЗОРА

На лидерот на Златна зора и на шесттемина поранешни пратеници да им биде одредена затворска казна од 13 години, предложи надлежната обвинителка на денешното рочиште, јави дописничката на МИА од Атина, пренесува Слободен печат.

Согласно Кривичниот закон, казните за формирање криминална организација се од пет до 15 години затвор.

Предлозите на обвинителката за прогласените за виновни за учество во криминална организација е пет години затвор (за оние за кои беа земени предвид олеснителните околности) и седум години затворска казна за останатите.

За убиецот на музичарот Павлос Фисас, обвинителката предложи доживотна затворска казна, додека пак за соучесиците осум години казна затвор.

Рочиштето продолжува со приговори од адвокатите на обвинетите, а подоцна во текот на денот, се очекува судијката да ги соопшти конечните казни.