ДИ МАЈО: ВОЈНАТА ВО ЛИБИЈА МОРА ДА ЗАПРЕ ИНАКУ ЕВРОПА ЌЕ БИДЕ ПОГОДЕНА ОД НОВ БЕГАЛСКИ БРАН

/

Министерот за надворешни работи на Италија, Луиџи ди Мајо, предупреди дека војната во Либија мора да се запре, инаку Европа ќе се соочи со нова мигрантска криза.

Во интервју за германскиот весник „Билд“ ди Мајо изјави дека во Либија има 700 илјади бегалци, кои би тргнале кон Европа ако војната се разгори преку улични борби во поголемите градови.

Ди Мајо соопшти уште дека терористите од ИСИС ја уништиле зградата на Министерството за надворешни работи во Триполи и потсети дека сето тоа се случува само на 200 километри од Сицилија крај брегот на Европа.





Претходна статија

(ВИДЕО) ГДУ: ОХРИД НЕ ГО ЗАСЛУЖУВА ОВА

Следна статија

МИЛОШОСКИ НАЈАВИ „БОМБА“ ЗА ЗАЕВ И НЕГОВОТО ДИРЕКТНО МЕШАЊЕ ВО ОДЛУКИТЕ НА СУДСКАТА ВЛАСТ

Најново од Вести