ЗА БЕСА ТЕТОВО Е АЛБАНСКА ОПШТИНА
„Прашањето за преименувањето на училиштата, плоштадите и булеварите и патиштата во албанските општини продолжува да биде тежок спорт за ослободителните тендерџии на ДУИ. ДУИ на политичката сцена дојде за да направи големи промени, но и по 15 години на власт не успеа да смени дури ни едно име и покрај фактот дека секој пат министерствата за образование и градоначалниците на општините беа функционери на оваа партија“, рече Хатије Етеми од движење Беса, на денешната прес-конференција во тетовското седиште на партијата.
