|

КРАЛИЦА ЕЛИЗАБЕТА II: ПРИОРИТЕТ НА БРИТАНСКАТА ВЛАДА Е ИЗЛЕЗОТ ОД ЕУ ДО 31 ОКТОМВРИ

Приоритет на британската влада е да ја напушти Европската унија до 31. октомври, рече денес кралицата Елизабета Втора.

Говорејќи пред парламентот, кој ја утврдува законодавната агенда на владата, кралицата го поддржа планот на премиерот Борис Џонсон да работи на ново партнерство со Европската унија, засновано врз слободна трговија и пријателска соработка, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Таа додаде дека британската влада по напуштањето на ЕУ ќе обезбеди земјата да продолжи да има водечка улога во светските состојби и дека ќе продолжи да ги брани своите интереси, пренесе Би-би-си.

Слични Објави