ЧЕШКА, ПОЛСКА, СЛОВАЧКА И УНГАРИЈА СО ПИСМО БАРААТ СТАРТ НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА
Македонија и Албанија ги исполнија клучните критериуми што ги постави ЕУ спроведувајќи комплексни домашни реформи. Дополнително, Северна Македонија го склучи историскиот Преспански договор со Грција, со што беше надминат долгогодишнит спор околу името на државата, пишуваат во заедничкото писмо објавено во „Политико” чешкиот министер за надворешни работи Томаш Петричек, полскиот Јацек Чапутович, унгарскиот Петар Сијарто и шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак.
Тие нагласуваат дека поради постигнатиот импресивен напредок, ЕК во мај годинава даде безсусловна препорака за старт на преговорите со двете земји, но сепак Скопје и Тирана се уште чекаат зелено светло од државите членки на ЕУ.
„
Почетокот на преговорите е важен чекор на патот кон приклучување во ЕУ, но само по себе не значи и членство. Евроинтеграцијата зависи од исполнувањето на критериумите поставени од Унијата, чија цел е да им помогне на земјите од Западен Балкан да се реформираат, да се подготват за членство и да го подобрат животот на своите граѓани. Тоа е исто така и заеднички стратешки избор на ЕУ и нејзините партнери во регионот. Вклучувањето на Западен Балкан во ЕУ е од политички, економски и безбедносен интерес на Унијата“. наведуваат минситрите.