НАЈДЕНО БЕЗЖИВОТНО ТЕЛО НА 67-ГОДИШНИК ВО ТЕТОВСКО СЕЛО

//

Безживотно тело на 67-годишен маж е најдено покрај пат во тетовското село Рогачево вчера околу 16 часот, соопшти денеска СВР Тетово. На телото немало траги на насилство, но јавен обвинител дал наредба да се направи обдукција.

-На патот во селото Рогачево бил пронајден починат Г.К.(67) од Скопје. Од лекар од итна медицинска помош во Тетово била констатирана смрт, без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, информираа денеска од службата за односи со јавноста при СВР Тетово.



Претходна статија

ЗА БЕСА ТЕТОВО Е АЛБАНСКА ОПШТИНА

Следна статија

ПРОТЕСТИ ВО КАТАЛОНИЈА ПРОТИВ ЗАТВОРСКИТЕ КАЗНИ НА ЛИДЕРИТЕ КОИ ГО ОРГАНИЗИРАА РЕФЕРЕНДУМОТ ВО 2017

Најново од Вести