ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ СО ПОВЕЌЕ ПРЕДИЗВИЦИ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА

/

Дијабетичарите се соочуваат со повеќе предизвици во време на пандемијата со ковид-19 со оглед дека како ранлива катергорија нивното излегување надвор е ризично, а од друга страна како дел од справувањето со болеста е потребата токму да бидат излезени на отворено за да имаат умерената физичка активност со движењет и пешачење со цел да се намалат калориите во организмот, пренесува Плусинфо.

Клара Сандева, претседателка на тетовското здружение „Диабет Полог“ вели дека со членовите деновиве главна преокупација им е како да се изведе потребното вежбање и на тој начин да дијабетичарите самите да си помогнат во намалувањет на нивото на шеќерот во крвта.

– Нашите членови се соочија со две страни на ризик и опасности.Самата пандемија им го загрозува кревкото здравје како ранлива категорија, а ограничувањето на движењето е дополнителна потешкотија со оглед дека им е отежнато потребната физичка активност за подобрување на здравствената состојба. Пешачењето игра голема улога за постарите лица, а дел од нив се и во кагеторија над 67, па не ни смеат да излегуваат. Луѓето се снаоѓаа како знаат. Тие што имаа двор, се движат околу куќите, а тие во станови се обидуваат со вежби да направат некое движење плус. Во мојот случај е така. Живеам во стан не можам да излегувам, посебно кога беше големиот карантин, користам вежби со јога, но и пазење на исхрана и земање витамини – објаснува Сандева.

Докторката Русанка Штакле потенцира дека исто така внимателноста при исхраната кај дијабетичарите е еден од клучните фактори за правилно нивелирање на нивото на шеќерот во крвта и одржување на здравјето.

– Кај дијабетичартите најважна е правилна диета. Да не поткленуваат на промени, сега при ваква состојба кога се повеќе дома, па да консумираат поголема количина на храна. Со седење дома нели се смета дека повеќе се јаде, но важно е да се да избегнуваат тестенини, благи работи и друго што најмногу го зголемува шеќерот. Потребно е дијабетичарите да се хранат по иста шема како досега – со дијабетична диета од 1.300 калории. Три пати на ден леб по 50 грама, ручекот богат со зеленчук, овошје 3 пати по 100 грама и физичка активност со домашни вежби – советува тетовската докторка.



Таа препорачува движење надвор но само под одредени околности.

– Тие се ризична група и треба да избегнуваат контакти со луѓе. Се што е посочено како мерки треба да се почитуваат од страна на дијабетичарите, а особно тоа да не седат во групи. Физичката активност дома треба да биде насочена со лесни вежби, да не се оптоварува организмот зошто и тоа прави проблем. Да им биде како релаксација дома, да биде дел од надминување на стресот. Ако се земјоделци, кај кои таквата работа се смета дека е позасилена физичка активност, да бидат внимателни или да ја намалат дозата на терапија – вели д-р Штакле.



Претходна статија

ВО ФРАНЦИЈА БОГАТИТЕ СЕ ТЕСТИРААТ, А СИРОМАШНИТЕ СЕ СУДИРААТ СО ПОЛИЦИЈАТА

Следна статија

МБА: БАНКИТЕ СЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ГОТОВИНСКАТА ИСПЛАТА НА АПРИЛСКИТЕ ПЕНЗИИ

Најново од Вести