Дијаманти на Наполеон и прстен на сестрата на Цар Борис III се продаваат на аукција во Женева
Во Женева следната недела ќе бидат понудени на аукција неколку исклучително вредни и ретки историски предмети, меѓу кои и дијаманти проценети на десетици милиони долари, како и уникатна брошка што му припаѓала на Наполеон Бонапарта, јавува БГНЕС. Аукцијата ќе се одржи во рамки на годишната продажба „Royal & Noble Jewels“ на Sotheby’s.
Меѓу понудените предмети е и прстен поврзан со семејството на кнегињата Надежда Бугарска, ќерка на цар Фердинанд I и сестра на цар Борис III. Таа го подарила прстенот, украсен со дијаманти, рубини и смарагди, на својот сопруг, војводата Албрехт Ојген од Виртемберг, по повод нивната прва годишнина во 1925 година.
Главна атракција на аукцијата ќе биде дијамантската брошка на Наполеон, изработена околу 1810 година, со централeн дијамант од 13,04 карати, опкружен со речиси сто стари дијаманти. Нејзината вредност се проценува меѓу 150.000 и 250.000 долари. Брошката била меѓу личните вредни предмети што францускиот император ги понел со себе во Ватерло, но ги оставил додека бягал по поразот од британските и пруските сили во 1815 година.

