|

ДИК: 27,19 проценти е излезноста на граѓаните до 15 часот

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до 15 часот излезноста на гласачите во вториот круг од локалните избори изнесува 27,19 проценти.

Во Град Скопје, до истиот термин гласале 29,94 проценти од запишаните избирачи. Највисока излезност е забележана во Општина Карпош со 32,40% и во Општина Центар со 31,65%. Најниска излезност има во Општина Сарај со 6% и во Чаир со 8,83%.

Во споредба со првиот изборен круг, кога до 15 часот излезноста за Скопје изнесуваше 31,16%, сега е забележан пад.

Што се однесува до изборот на градоначалници по општини, според пресекот до 15 часот, излезноста е 30,26%, при што податоците се пристигнати од 93,59% избирачки места.

Од ДИК информираат дека гласањето се одвива мирно и без инциденти. Сите приговори во врска со остварувањето на избирачкото право се навремено разгледуваат, а граѓаните непречено го остваруваат своето право на глас.

Слични Објави