ДИК: ИЗЛЕЗЕНОСТ ОД 2,5 % ДО 9 ЧАСОТ
Според податоците објавени на интернет страната на Државната изборна комисија до 9 часот се обработени податоци за 2, 48 % гласачи кои го оствариле своето право на глас. Како што јавуваат невладината организација МОСТ отворени се сите гласачки места без регистрирани проблеми. Гласачкиот материјал е доставен на сите гласачки места, а уредувањето на гласачките места е на начин што ја запазува тајноста на гласањето.