| |

ДИК СО АПЕЛ ДО ПАРТИИТЕ ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ НА 12 АПРИЛ

Државната изборна комисија испрати апел до политичките партии во Република Македонија да се договорат за одложување на предвремените парламентарни избори, коишто се закажани за 12. април.

 Активностите за предвремените парламентарни избори на 12 април се ставени во мирување до 22 март поради спречување на ширењето на коронавирусот во земјата и почитување на мерките што ги усвои Владата.

За мораториум на партиските активности телефонски се договориле премиерот Оливер Спасовски и лидерите на парламентарните партии. Партиите ги откажуваат активностите на терен и, според најавите, се насочуваат кон социјалните мрежи и електронските медиуми.

Слични Објави