ГРЦИЈА ГИ ЗАТВОРИ ГРАНИЦИТЕ СО МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА
Прекин на патниот, морскиот и авионскиот транспорт со Македонија и Албанија. Тоа е една од одлуките донесени на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министри од неговата влада.
Како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, исклучок од мерката е пренесувањето на стоки и влез во Грција за оние кои имаат грчко државјанство или живеат во земјата.
