БУГАРСКАТА ВЛАДА ЌЕ ДОДЕЛИ 500 ЕВРА БОНУС ЗА СИТЕ МЕДИЦИНСКИ РАБОТНИЦИ КОИ СЕ БОРАТ ПРОТИВ КОВИД-19

//

Бугарската Влада ќе им додели по 500 евра дополнителен надоместок за сите медицински лица кои се борат против коронавирусот во Бугарија во моментов. Тоа го најави премиерот Бојко Борисов по вонредната средба со претседателот Румен Радев и шефот на Националниот оперативен штаб, генерал-мајор Венцислав Мутафчијски.

„Најитно е да можеме да ги заштитиме лекарите, медицинските сестри, лаборантите, болничарите. Разговаравме и денеска или утре ќе објавиме по 1.000 лева бонус за секое медицинско лице“, најави премиерот.





Претходна статија

ГРЦИЈА ГИ ЗАТВОРИ ГРАНИЦИТЕ СО МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА

Следна статија

(ВО ЖИВО) ФИЛИПЧЕ: СЕ МОБИЛИЗИРА ЦЕЛИОТ МЕДИЦИНСКИ ПЕРСОНАЛ ВО БОРБАТА ПРОТИВ КОВИД-19

Најново од Вести