ИЗМЕНИТЕ ЗА ОПРЕМАТА ЗА ОТПЕЧАТОЦИ ОД ПРСТИ СЕ ГОТОВИ, НА ПОТЕГ Е ЏАФЕРИ

//

Текстот со кој се допрецизираат сите неопходни елементи за да може да се набави опремата за отпечаток на прст и таа да се стави во функција се договорени и утврдени со Државната изборна комисија и уште вчера беше во Собранието, изјави на денешната прес-конференција министерот за правда Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање за терминалите за отпечаток на прст за локалните избори, пренесува Плус инфо.

Единствено што се дополнува на таа измена, нагласи Маричиќ, е менување на перидот за одржување на локалните избори од прва во втора половина на месец октомври оваа година.

– Тој текст на овие измени е целосно подготвен и може да биде веднаш на првата наредна седница, зависно од агендата на Собранието. За тоа ќе одлучи претседателот на Собранието, во координација со пратеничките групи – изјави Маричиќ.



Одредба со која се утврдува дека од наредните избори ќе се спроведува методот за идентификација на гласачите преку отпечаток на прст, посочи Маричиќ има уште со претходната измена на Изборниот законик, но таа не е доволна за операционализирање на процесот.

Целиот напис прочитајте го овде.

Претходна статија

КОЛКУ ЗАЕВ И МИЦКОСКИ ПОРАСНАЛЕ?

Следна статија

НИКОЛОВСКИ: ПОЗИТИВНАТА ОЦЕНКА ОД ГРЕКО ПОКАЗАТЕЛ ЗА ЈАСНО ИЗРАЗЕНАТА ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА ЗА КРАЈНО ИСКОРЕНУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА

Најново од Вести