| |

Димитров и Коѕијас ќе се сретнат утре во Солун

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на својот грчки колега, министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, утре и задутре ќе учествува на третата по ред четирипартитна средба на Министрите за надворешни работи на Грција, Албанија, Бугарија и Република Македонија, што ќе се одржи во Солун. На средбата, покрај Министрите за надворешни работи ќе учествуваат министри и високи претставници од Министерствата за внатрешни работи, како и за транспорт и врски, од четирите земји. Се очекува  во дискусијата на тркалезната маса Министрите за надворешни работи да се осврнат на предизвиците за регионот на Југоисточна Европа од состојбите на Блискиот Исток и Источниот Медитеран; последиците од движењето на бегалците/мигрантите кон Балканот; и иднината на Европа и интеграцијата на земјите од  Западен Балкан во ЕУ. Од другите теми во надлежност на ресорните институции ќе бидат опфатени и прашања во врска со прекуграничната соработка во областите на полициската, царинската и цивилната заштита, интерконективноста и транспортното умрежување во регионот.



Слични Објави