Британски авиони-ловци ќе патролираат над Црно море

//

Британски авиони-ловци „Тајфун“, распоредени во Романија, добија дозвола да се приклучат кон мисиите на НАТО за патролирање во воздушниот простор над Црното Море. Дозволата за учество во мисиите британските борбени авиони ја добија на церемонија во авиобазата “Михаил Когалничану” во округот Констанца во јужниот дел на Романија. Амбасадорот на Велика Британија во Романија Пол Брамел истакна дека слични мисии ќе гарантираат дека НАТО „ќе може брзо и ефикасно да се спротивстави на потенцијална агресија или закана против Алијансата или нејзините земји членки“.





Претходна статија

Честит 1 мај- космички будали

Следна статија

Димитров и Коѕијас ќе се сретнат утре во Солун

Најново од Вести