ДИМИТРОВ ПО ТРЕТ ПАТ ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА РЕФЕРИРА ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ

//

Комисијата за надворешна политика во Собрание треба да ја продолжи седницата на која е најавено излагање за остварувањето на меѓународната политика на министерот за надворешни работи Никола Димитров, јавува ТВ24. Седницата на оваа Комисија беше неколкупати одложувана.

Последното продолжение требаше да се одржи во четвртокот, но седницата беше одложена за денеска. Претседателот на Комисијата Антонијо Милошоски тогаш рече дека седницата ќе продолжи со работа кога пратениците кои поседуваат безбедносен сертификат ќе ги добијат класифицираните материјали од две лидерски средби одржани кај претседателот на Република Македонија. Тој информираше дека пратениците со писмо ќе ги побараат овие материјали кои, според него, се наоѓаат кај генералниот секретар на Собранието Цветанка Иванова.

 



Претходна статија

ВМРО ДПМНЕ : СДСМ ДА ОДГОВОРИ КОЛКУ ПАРИ ДОБИЛА ФИРМАТА КАДЕ ШТО НИКОЛА МЕМОВ ПОДГОТВУВАЛ ПРОЕКТ?

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ УДРИ НА КРАДЕЊЕ И ТОА НА НАЈЈАКО

Најново од Вести