РС Македонија ќе прими украински бегалци

/

Нашата земја се подготвува да прифати бегалци од Украина. Додека државата го подготвува планот за цивилна вонредна состојба, во Македонија пристигнаа веќе 4 бегалци од Киев. 3 Украинки во Скопје и 1 Украинец во Куманово се сместени кај нивни блиски.

Според информациите на Алсат, Министерството за труд и социјална политика планира да обезбеди легла во два студентски домови, Гоце Делчев и Пелагонија, во детскиот дом „25 Мај“, како и во некои хотели во Скопје и Охрид. Институциите засега не соопштуваат детали, но велат дека ќе се најдат соодветни локации за сместување – според одлуката на Владата.



Македонија во 1993 година прими 55 илјади Бошњаци, а во 1999 година над 440 илјади албански бегалци од Косово. Од кризата во Блискиот Исток низ нашата територија транзитираа 950 илјади бегалци. Од неодамнешната криза во Авганистан, Македонија во моментов има 300 бегалци на две локации во Скопје.

Претходна статија

Фрчкоски нема поддршка од опозицијата за амбасадорската функција во ОН

Следна статија

Радев: Народот што си дозволува да го изгуби сеќавањето е осуден да ја изгуби и слободата

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да