| |

МУАМЕТ ХОЏА: СО УСПЕШЕН РЕФЕРЕНДУМ БАРАМЕ ПАТ ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА

На прес-конференција портпаролот на Владата, Муамет Хоџа, на новинарско прашање како ќе се финансира референдумот одговори дека одлука сѐ уште се нема донесено но дека се дало обврска на сите министерства во рок од три дена да достават документ до Министерството на финансии колку средства имаат на располагање кои ги поседуваат во различни ставки и истите можат да се користат за референдумот. „Ќе има посебен план и програма и според законот ќе биде дејствувано и јавноста ќе биде информирана“, изјави Хоџа.
Хоџа додаде дека ќе се спороведе информативна кампања за да се известат граѓаните зошто е добро да помине референдумот. „Со успешен референдум бараме пат за европска Македонија“, рече тој.



Слични Објави