ДИНАМО ЗАГРЕБ СЕ ВКЛУЧИ ВО ТРКАТА ЗА „БИСЕРОТ“ НА ВАРДАР

Младиот и талентеран фудбалер на Вардар, Али Адем е мета на многу клубови по фантастичните игри изминатата полусезона во Првата лига.

Играчот за врска на „црвено-црните“ сезонава добива голема доверба од тренерот Александар Васоски и е незаменлив дел од првата постава. Турските прволигаши Бешикташ, Касимпаша, но и Спортинг Лисабон покажаа интерес за репрезентативецот до 19 години, а во хрватските медиуми се појави информација дека во трката се вклучува и Динамо Загреб.

Хрватскиот шампион е познат по тоа што знае да направи добра проценка за млади фудбалери, кои подоцна во кариерата прават големи трансфери во Европа. Адем зад себе веќе запиша 35 настапи за првиот тим на Вардар и постигна три погодоци. Најтрофејниот македонски состав по есенскиот дел од сезоната е на првото место и покажа дека со децата од својата академија може да прави големи нешта. Адем сигурно е еден од најталентираните фудбалери кои излегле од Вардар изминатите неколку години.

Извор: Спорт1

Слични Објави