|

Директорка на училиште во Драчево со лажен сертификат за англиски ја добила позицијата, истото го сторила и директорката на болницата во Дебар, кривични против двете

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против 49-годишната Т.К. од Скопје и 56-годишната С.К. од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

„Пријавената Т.К., вработена во основно училиште во с.Драчево, скопско и пријавената С.К., вработена во Општа болница Дебар, набавиле лажни меѓународни сертификати за познавање на англиски јазик, издадени од училиште за јазици од Република Бугарија. Т.К. го употребила сертификатот при аплицирање на јавен оглас за избор на директор на основно училиште во с.Драчево, по што со решение на градоначалникот на општина Кисела Вода била именувана за директор во училиштето“, велат од МВР.

На сличен начин, С.К. го употребила сертификатот за познавање англиски јазик при аплицирање на конкурс за именување директор на ЈЗУ Општа болница Дебар, по што од министерот за здравство била именувана за вршител на должноста – директор на ЈЗУ Општа болница Дебар.



Слични Објави