ДИРЕКТОРОТ НА КПД „ИДРИЗОВО“: МОЖНО Е ПАРТИСКИТЕ ОБЕЛЕЖЈА ДА СЕ ВНЕСЕНИ ВО ЗАТВОРОТ ПРЕКУ ПАКЕТИ СО ХРАНА

„Можно е партиските обележја да се внесени преку пакети со храна или пак ги има од претходно“, истакна директорот на затворот „Идризово“ Боби Мојсоски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, говорејќи за видеото и фотографиите кои се проширија деновиве каде што затвореници повикуваат да се гласа за политичка партија.

„Го осудувам чинот на партиски активности, доколку ги имало во затворот. За оние кои би требало да се грижат тоа да не се случува, доколку се докаже ќе бидат санкционирани“, изјави Мојсоски.

Мојсоски вели дека затворениците предизвикале мал пожар за да им го пренасочат вниманието на чуварите и да можат да снимат и да објават видео од импровизираниот партиски штаб.