| |

Бугарскиот прв дипломат Иван Кондов упати честитка до новиот генерален секретар на НАТО Марк Руте

Министерот за надворешни работи на Бугарија Иван Кондов упати честитка до Марк Руте по повод неговата инаугурацијата за генерален секретар на НАТО, јавува БГНЕС.

„Убеден сум дека под ваше раководство Алијансата ќе продолжи да ја одржува својата мисија за гарантирање на одбраната на евроатлантската област, промовирајќи ги стабилноста и мирот“, наведе бугарскиот министер за надворешни работи во честитката до Руте и посочи дека Бугарија останува посветена да работи во тесна соработка со НАТО сојузниците во одбрана на заедничките принципи и вредности, соопшти Министерството за надворешни работи.

„Оваа година славиме 75 години од создавањето на НАТО и 20 години од приемот на Бугарија. Уверен сум дека, како способен и искусен лидер, посветено ќе се соочите со претстојните предизвици и ќе вложите максимални напори за да ги постигнете целите на НАТО и да ги зајакнете капацитетите на Алијансата“, го завршува своето писмо бугарскиот министер за надворешни работи.

Слични Објави