ДИРЕКТОРОТ НЕМА ДА ВРАБОТИ НЕКОЈ КОЈ НЕ ГО ПОЛОЖИЛ НЕГОВИОТ ТАЕН ТЕСТ СО ШОЛЈА КАФЕ

/

Трент Инес, директор на компанијата „Ксеро Австралија“, вели дека нема да вработи некој кој нема да го положи неговиот тест со шолја кафе.

Тој објасни дека за време на интервјуто за работа, во еден момент го носи потенцијалниот вработен во канцелариската кујна, каде што му нуди шолја кафе, чај, сок или вода, а потоа набљудува дали лицето на крајот ќе ја врати користената шолја во кујната, пренесува „Дејли мејл“.

„Можете да имате различни вештини, знаење и искуство, но на крајот се се сведува на вашиот став. А ставот што го сакам на крајот се сведува на тоа дека сте подготвени да исчистите зад себе. Го смислив тоа за да знам дека, без оглед на она што го работите во компанијата, имате култура на однесување. Тоа е начин да проверам дали ќе се вклопите кај нас. Погледнете ги нашите кујни, ќе видите дека тие секогаш се беспрекорно чисти”, рече тој, додавајќи дека само 10 отсто од потенцијалните вработени нема да понудат да ја вратат шолјата.



Извор: Макфакс

Претходна статија

ПОЖАР ВО ЏАМИЈА ВО СЕЛО РАШЧЕ СКОПСКО

Следна статија

МАНАСКОВ МУ ЧЕСТИТА НА ВАРДАР И ПОРАЧА: ВЕСПРЕМ ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО КЕЛН!

Најново од Вести