ДИСЦИПЛИНСКА ПРОТИВ ТЕХНИЧАРОТ НА РАДИОЛОГИЈА ЗАРАЗЕН СО COVID-19

Дисциплинска постапка ќе биде поведена против техничарот позитивен на ковид-19, вработен на Клиниката за радиологија, бидејќи несопвесно се однесувал, односно со симптоми на вирусот доаѓал на работа – најави директорот на Клиниката, Даниел Ѓурчинов во изјава за Курир.

Таму се потврдени три случаи на коронавирусот, од кој првозаболен е техничарот, а останатите двајца, како што појаснил Ѓурчинов, биле во контакт со него, односно заедно работеле.

Ѓурчинов додава дека освен тоа што ќе биде поведена дициплинска постапка против првозаразениот, се разгледува и можноста за евентуално поднесување и на кривична пријава.