„ДИВАЦ НЕ ГО САКАЛ ЛУКА ДОНЧИЌ ПОРАДИ МЕНЕ? СМЕШНА МИ Е ТАА ПРИКАЗНА…“

Лука Дончиќ на само 20 години доминира во НБА-лигата, па настапите кои ги покажа сезонава во дресот на Далас маверикс се импресивни и многумина сметаат дека би можел да ја освои титулата за МВП.

Американските медиуми пред неколку дена пишуваа дека Владе Дивац испуштил можност да го ангажира Дончиќ во Сакраменто, зашто немал добри односи со неговиот татко.

„Секако дека тоа е лага, тука нема вистина. Дивац и јас сме пријатели и меѓу нас односите се добри. Се слушнавме и заедно се смеевме на приказната дека е лут на мене. Не знам на која основа тој новинар дојде до таков заклучок“, порача таткото на Лука.

Извор: Спорт1

Слични Објави