ДЈАНКОВ: ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА Е ВАЖЕН ЗА ЦЕЛИОТ РЕГИОН
Поранешниот министер за финансии на Бугарија и сегашен директор на „World Development Report 2019“ на Светската банка и директор на Financial Markets Group на Лондонската берза, Симеон Дјанков во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА тврди дека договорот од Преспа не се однесува само на Македонија и Грција туку е важен за целиот Балкански полуостров.
Според Дјанков, Македонија е порта на транспорт, порта на инфраструктурите кон останатите земји од поранешна Југославија, а Солун може да стане центар на Балканот.
Поранешниот бугарски министер вели дека сега кога договорот е реалност, е важно да се знае како Грција, Бугарија и Романија, односно земјите од Балканот што се во ЕУ, можеби и Словенија и Хрватска да дејствуваат во смисла на (создавање) инфраструктури, заедно со земјите кои што сѐ уште не се интегрирани во обединета Европа.

