„ДОЈЧЕ ВЕЛЕ“: НЕМА ДА ИМА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОРОНАВИРУС ВО ГЕРМАНИЈА

/

Се повеќе претставници на германската власт ги демантираат гласините според кои се планира задолжителна вакцинација против коронавирус, пишува „Дојче веле“.

Единствена задолжителна вакцина е против морбили, а ни во овој случај Уставниот суд се уште не го кажал своето.

Шефот на државниот институт „Роберт Кох“, Лотар Вилер смета дека не е неопходно задолжителна вакцинација против актуелниот коронавирус.

„Немаме причина да разгледуваме задолжителна вакцинација“ рекол тој, додавајќи дека граѓаните се дефинитивно доволно паметни да препознаат кога постои безбедна вакцина која придонесува за нивното здравје.

Тоа е најновиот одговор во дебатата која ја подели јавноста и распали теории според кои зад вакцините се кријат финансиски и други интереси. Иако вакцината против коронавирус се уште не е на видик, експертите демантираат дека таа ќе биде задолжителна.



Шефот на кабинетот на германската канцеларка, Хелге Браун, кој е и доктор, изјави дека нема да биде задолжителна вакцината, но дека би било добро повеќе луѓе да се вакцинираат. Браун очекува вакцина на почетокот или средината на следната година, кога би можело да се врати целосно нормалниот живот.

„Кој не сака да се вакцинира, мора сам да го сноси ризикот од зараза“ рекол министерот.

Извор: Макфакс



Претходна статија

39 ЛИЦА НЕ ЈА ПОЧИТУВАЛЕ ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ, ПРИВЕДЕНИ СЕ 30 ЛИЦА

Следна статија

СТОИЛКОВСКИ: ЈО ДА ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА СИТЕ КРИМИ-АФЕРИ НА ДЕН ДОНЧЕВ

Најново од Вести