| |

(Видео) Петков: Без парламентот нема да има никаква одлука во однос на РС Македонија

Премиерот на Бугарија Кирил Петков во интервју за емисиjaта Панорама на Бугарската национална телевизија рече дека без бугарскиот Парламент нема да има одлука во однос на кревањето на ветото за РС Македонија.

-Како премиер нема да донесам никаква одлука ако не истата не биде изгласана од бугарскиот Парламент. Единственото нешто што ќе го кажам на масата со европските лидери е дека нема да го сменам бугарскиот став доколку нема одлука од бугарскиот Парламент, изјави Петков.

Рече дека доколку е вистина тоа што го слушнал, во францускиот предлог ќе има гаранции за Бугарите во Република Северна Македонија – и во однос на антидискриминацијата и во однос на Уставот на земјата.

Како што рече, не го прочитал францускиот предлог, кој е испратен директно до Собранието.

-Нема да донесам никаква еднолична одлука. Ќе ја следам волјата на бугарскиот Парламент, изјави  Петков.



Слични Објави