СТОИЛКОВСКИ: ЈО ДА ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА СИТЕ КРИМИ-АФЕРИ НА ДЕН ДОНЧЕВ

/

ВМРО-ДПМНЕ очекува Јавното обвинителство да отвори сериозна истрага за сите крими-афери на досегашниот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, пренесува Плусинфо.

– Очекуваме ЈО да се оттргне од канџите на Заев и да почне да работи според законот и според дадените заклетви. ЈО мора да отвори сериозна истрага за сите крими-афери на омилениот играч на Заев, Ден Дончев. Доколку сепак се одлучат да му слугуваат до крај на криминалецот од Муртино, правда ќе има со воспоставувањето на правната држава по изборите – рече денеска на прес-конференција портпаролот на партијата Наум Стоилковски.

Стоилковски праша зошто обвинителството иако знаело за случајот една година не почнало истрага.

– ЈО се однесува како да е во директна спрега со Ден Дончев. Цела година знаеле за нелегалните приходи на Ден Дончев, а не презеле никакви дејства. И повторно требаше медиумите да објават за тоа да соопштат дека се води истрага за Дончев, пред речиси една година се стекнал со незаконски приходи од над 3 милиони денари. Ден Дончев половина година примал пари од муртинската фирма „Ремаркет“, за консултантски услуги кои ги давал додека бил и директор на ФЗОМ. Тоа е спротивно на закон, спротивно на член 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и земал пари од дејност која што не смеел да ја извршува во исто време додека директорувал со ФЗОМ.
Па зошто чекаше ЈО една година и зошто не отвораше истрага против Ден Дончев!? – праша Стоилковски.

Тој побара одговор од обвинителството зошто ги толерира и други афери за Дончев за кои што, како што пишуваат медиумите.



– Според информациите од медиумите Ден Дончев годишно преку посредници можеби земал над два милиони евра од компании и фирми кои што за да си ги земат парите од ФЗОМ морале да му исплатат процент! – рече Стоилковски.



Претходна статија

„ДОЈЧЕ ВЕЛЕ“: НЕМА ДА ИМА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОРОНАВИРУС ВО ГЕРМАНИЈА

Следна статија

АНАЛИЗА НА ХАРВАРД: ВИРУСОТ СЛАБЕЕ НА ТОПЛИНА, НО ЌЕ ИМА ВТОР БРАН

Најново од Вести