ДОКТОРКАТА ОД КОЧАНИ ЗАРАЗЕНА СО КОВИД-19, 11 ДЕНА ЧЕКАЛА РЕЗУЛТАТИ И ОДЕЛА НА РАБОТА

//

Таа беше дежурна во саботата, а тројца колеги се испратени во самоизолација и ги чекаме нивните резултати. Не бевме известени дека правела тест и и беше наложено да достави писмен извештај до надлежните. Лекарката беше заштитена секогаш на смена и најмногу внимаваше – вели Александар Серафимовски, директор на Општа болница Кочани.

Позитивна на Ковид 19, лекарка-интернистка во Кочани цели 11 дена чекала резултати од тестирањето за кое не знаел никој во болницата. Таа преку матичен лекар добила упат за тестирање и за тоа време давала и дежурство. Резултатите биле дознаени во понеделникот навечер, објави телевизија Телма.

„Таа беше дежурна во саботата, а тројца колеги се испратени во самоизолација и ги чекаме нивните резултати. Не бевме известени дека правела тест и и беше наложено да достави писмен извештај до надлежните. Лекарката беше заштитена секогаш на смена и најмногу внимаваше“, изјави Александар Серафимовски, директор на Општа болница Кочани.

Државниот здравствено-санитарен инспекторат извршил вонреден надзор и ги утврдил датумите за тестирањето, а дополнително ќе прави надзор и како матичниот лекар издал упат за тест бидејќи станувало збор за асимптоматски случај.

„Лекарката била тестирана на 9-ти април, а резултатот е добиен на 20-ти април навечер. Во тој период лекарката била дежурна еднаш. Утврдено е дека персоналот секогаш ги почитувал протоколите за заштита, секогаш носеле заштитни маски, одела за еднократна употреба и ракавици, и е вршена дезинфекција на одделението. На интерното одделение се сместени 6 пациенти кои се распоредени во засебни изолирани соби. Перосналот ја користи паузата поединечно и со запазување на пропишаната дистанца, а времето за пауза го поминуваат на тераса“, стои во извештајот на ДЗСИ.

Претходна статија

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА РАДОВИШ: ВО НАШИОТ ГРАД ВЕЌЕ НЕМА ЗАБОЛЕНИ ЛИЦА ОД КОРОНА ВИРУС

Следна статија

ОД УТРЕ СЕ МЕНУВА ВРЕМЕТО НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС- ПРОМЕНИ ЌЕ ИМА И ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ!

Најново од Вести