| |

Документарниот филм за Сребреница на познатиот бугарски новинар Боjко Василев беше претставен на „Европски дијалози“ во Рен

Новиот документарен филм на новинарот на Бугарската национална телевизија – БНТ Бојко Василев „Мајки“, посветен на геноцидот во Сребреница во 1995 година, стана тема на разговор во францускиот град Рен во рамките на иницијативата „Европски дијалози“ организирана од Францускиот институт, објави БНТ.

„Не сите сакаа да ја слушнат вистината за балканските војни од 1990-тите, дури и денес. Заклучокот е тажен, поради војните што се водат деновиве“, рече Бојко Василев во Рен. Тој истакна дека Сребреница е „едно од најдобро документираните злосторства во историјата, но дури и во ЕУ ќе слушнете небулози за настаните во Босна од тие денови“.

Тема на панелот за дискусија беше европскиот пат на Балканот. На него учествуваа претставници на граѓанското општество од Србија, Косово и Босна и Херцеговина, меѓу кои и двајца од хероите на филмот „Мајки“.

„Во 90-тите не зборувавме за лажни вести, ги нарекувавме старомоден начин – лага. Сепак, многумина ја избраа токму неа“, додаде Василев.

„Мајки“ е посветен на масакрот во босанскиот град Сребреница во 1995 година. и немањето смисла и катарза години подоцна. Снимател е Михаил Врабчев, режисер Л’чезар Аврамов, продуцент е Албена Колчакова, а видеотехничар Јулијан Димитров, пренесува БТА.



Слични Објави