|

ДОМОВИНСКИ ПОКРЕТ СО ПОРАКА ДО ХДЗ: НЕМА ДА ИМА ВЛАДА БЕЗ НАС

Партијата Домовински покрет предводена од Мирослав Шкоро освои 16 мандати по вчерашните парламентарни избори во Хрватска и испрати јасна порака до победниците од ХДЗ дека нема да има влада без нив.

ХДЗ на Андреј Пленковиќ освои 66 мандати на изборите според околу 90 отсто од обработените гласачки ливчиња.

Коалицијата Рестарт предводена од Социјалдемократската партија има 41 мандат, Домовински покрет 16, Мост 8, платформата „Можеме“ 7, реформистите два, а коалицијата Паметно/Фокус/ССиП и ХНС освоија по едно пратеничко место.

Во Хрватскиот сабор има 151 пратеничко место.



Слични Објави