ПОВЕЌЕ ПИЕМЕ И СЕ КОЦКАМЕ ОТКОЛКУ ШТО ЧИТАМЕ КНИГИ

Месец и половина откако беа отворени кафеаните, денес се отвораат и библиотеките, кои беа под клуч речиси четири месеци.

Корисниците ќе можат да ги вратат книгите и да позајмат нови. Вратените книги посебно ќе се одвојуваат и во следните 72 часа нема да бидат достапни за позајмување.

Во библиотеките задолжително ќе биде носењето лична заштитна опрема на лицето и дезинфекцијата на рацете пред влегување во објектот. Останува да важи и одржувањето социјална дистанца од два метри.