| |

ДОНЕСЕНИ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТУТУН ВО СОБРАНИЕТО, ТУТУНАРИТЕ УТРЕ НА ПРОТЕСТИ

Со помош на гласовите на опозицијата вчера поминаа измените на законот за тутун во собранието.

Според законските процедури сега недостига уште указот да го потпише претседателот Пендаровски за да може да се објави во службен весник. Добрата работа е што е предвидено по објавата во службен весник веднаш да стапат на сила измените и откупот да започне. Но и утре да стапи на сила законот на терен откупувачите уште не се организирани и не се поделени картонските кутии за да почнат тутунарите да носат тутун заради што тутунарите сметаат дека повторно до крајот на март има многу малку време и стравуваат дека ќе остане тутун не откупен кој ако не го изедат молци ќе се продава догодина.

Неколку ново формирани тутунарски здруженија кои произлегоа како последица на незадоволството како ги застапува сојузот на земјоделски здруженија за утре напладне закажаа протест со двочасовна блокада на плетвар. Незадоволни се што законот само се смени во однос на датум за откуп без суштинските измени потребни за заштита на тутунарите а не се укина ниту спорната одредба за увоз на тутун заради која годинава откупувачите скратија 20 милион евра од џебот на 30 илјади тутунарски семејства.

Тутунарите бараат итно да се разговара за новите договори и тие да бидат вклучени бидејќи има многу тутунарски семејства кои ќе останат без договори а со тоа и без егзистенција бидејќи барале второстепена комисија или се бунеле при откупот а законските измени кои требаше да ги штитат не поминаа во собранието.



Слични Објави