| |

За прв пат митрополит од МПЦ-ОА учествуваше во чествувањето на Рилската Света обител

По 554 пат Рилскиот манастир молитвено го прослави враќањето на моштите на свети Јован Рилски од Трново во рилската Света обител. Празничното бдение во манастирот го водеше митрополитот Неврокопски Серафим, а на 1 јули во предпладневните часови Света Литургија отслужи митрополитот Видински г. Даниил во соработка со игуменот, епископот Адрианополски Евлогиј, како и гостинот од МПЦ-ОА – Митрополитот Брегалнички Иларион. Стотици христијани се собраа од целата земја за да го прослават третиот основачки и најпознат празник на манастирот. На празничната богослужба се приклучи и црковен хор од градот Јаш во Романија. Веќе многу години, богослужбата за празникот е преведена на романски јазик. Романскиот хор ја изведе само тропарата за празникот во својот црковнословенски оригинал.

По завршувањето на литургијата, беседа за празникот одржа митрополитот Даниил Видински, а поздрави упатија епископот Евлогиј и митрополитот Иларион Брегалнички.

„Не смееме да дозволиме никој да не дели, мора да се стремиме кон единство, покажувајќи љубов еден кон друг, бидејќи сме Христови ученици. Потребно е да се живее во љубов и покајание, и исполнување на Божјите заповеди, како и заповедите на свети Јован Рилски. Ако нема љубов, се е залудно. Мораме заедно да го носиме крстот на вечноста и спасението, а ако сме обединети, тогаш злото нема да има власт над нас“, рече во својот говор архиерејот од Северна Македонија Иларион Брегалнички. Тој се заблагодари за братската љубов и искрените молитви на сите кои присуствуваа на богослужбата.

Благодарен сум што денеска заедно служевме, заедно се причестивме и покажавме дека ги исполнуваме заповедите Божји кој вели: Сакајте се еден со друг и по тоа ќе се дознаете дека сте Мои ученици“, рече митрополитот Брегалнички Иларион

Тој ги пренесе поздравите на архиепископот Стефан, на Светиот синод на МПЦ-ОА и на македонскиот народ.

„Секогаш кога сме собрани да се молиме за прославување на нашиот небесен патрон свети Јован Рилски, душата ни се исполнува со голема радост, бидејќи богослужбите се во чест на светецот, патронот на Бугарија, а ние се чувствуваме неговиот благослов“. Нашата радост е голема кога ќе се собереме“, изјави од своја страна игуменот на Рилскиот манастир епископ Евлогиј.

Тој додаде дека, за жал, неколку десетици години Македонската православна црква од повеќе причини не била во единството на другите православни цркви, но посочи дека „Бог е милостив, трпелив и им дава на оние кои веруваат во Него тоа што им треба“.

Слични Објави