|

Стефанова: Груевски поседува имот кој го пријавувал на туѓи имиња

Груевски беше премиер повеќе од 10 години. Во целиот овој период тој негуваше статус на лице кое е безимотно, нема возило, има заштеда од плата и живее во станот на мајка си. Сепак, содржината на снимените разговори упатува на сосема друга слика, дека Груевски поседува имот кој го запишувал и пријавувал на туѓи имиња, а вклучени биле и фирми регистрирани за таа намена – рече обвинителката Стефанова.

Таа пред судот изјави дека во текот на процесот лице ќе сведочи како во 2008 година експремиерот купил стан на негово име, а истото го сторил и во 2009 година.

– Ќе ги изведам сите материјални докази со кои судот ќе се убеди дека Груевски купил плац од 2.700 метри квадратни, веднаш до резиденцијата на Вилма Трајковска. Таму требало да никне барокна куќа. Плацот бил купен со пари – поклон од сведок на јавното наддавање во Мин за транспорт за 100.000 евра. Груевски обезбедил и два плаца во Крушево, имот кој бил негов, но не го пријавил во анкетниот лист – рече Стефанова во воведниот говор.

Таа додаде дека бара целиот имот од обвинителниот акт да биде конфискуван.

Додека Стефанова го даваше воведниот збор, Камчев постојано се смееше, по што беше опоменат од судијата, дека станува збор за сериозна работа.

Во Кривичниот суд Скопје денеска почна судењето за случајот „Плацови на Водно“.



Слични Објави