|

„Дороти се враќа во Оз“ премиерно се одигра во Прилеп

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, вчера премиерно, со две изведби, се изведе детската претстава „Дороти се враќа во Оз“, во режија на Кирил Петрески…

„Дороти се враќа во Оз“ е втор дел на популарната претстава „Волшебникот од Оз“ која со мали паузи, се играше десет години на сцената на Прилепскиот театар. Со оваа претстава продолжуваат авантурите на Дороти, која се враќа кај своите пријатели и заедно со нив се бори против уште еден негативец кој што ја узурпира власта во Оз.

Во претставата, која ќе ја поттикне и инспирира фантазијата на децата, играат Марија Спиркоска – Илијеска, Ангела Наумоска, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Димитар Ѓорѓиевски, Димитар Црцороски, Јасмина Мицовска – Станкоска и Катерина Чакмакоска – Клинческа. Сценографијата е на Пеце Ристески, костимите на Александар Џинго, а музиката ја компонираше Томе Темелкоски.



Слични Објави