ДОСТА НЀ ЕБЕТЕ!

//

Колку дена поминаа од смртта на Саздо? Зборуваме ли воопшто за трагедијата на ова момче? Еве јас пак ќе го споменам, затоа што му ветивме дека ќе живее вечно. Дека нема да дозволиме да исчезне во заборавот, како и секое чудо за три дена. Јас на ова дете му го ветив тоа.

Гледам дека и после неговата смрт, по етеров се расфрламе со зла крв и пизма. Не научивме од трагедијата на едно дете, кое плати со својот живот дека овде жртви од говорот на злото перо се децата и само децата. Децата во Македонија се единственото место каде што се прекршуваат одглумените битки на политичарите. Оние кои се ситат на смррта на Саздо и оние кои бараат гасни комори за оние другите, нема никад да пораснат во нешто повеќе од клети шиптари, племе и каури. Под Албанец и Македонец подразбирам многу поголема слика од тој нагон на пизма.

Дали некогаш во постоењето на оваа држава, се степале пратеник на ДУИ и пратеник на ДПМНЕ? Пратеник на СДСМ со пратеник на ДПМНЕ? Пратеник на СДСМ со пратеник со пратеник на БЕСА или Алијансата на Села? Еден случај дајте ми? Дали летнала една тупаница помеѓу нив, креаторите на кризи за ситни политички интереси? Дали настрадало некое нивно дете? Недај Боже да настрада, ама не.
ДПМНЕ гради Црква, ДУИ ја руши. ДПМНЕ гради крст, ДУИ ја руши! Медиумите вадат вест дека Ангел го избоделе Албанци со секири и ножеви, куќите на Албанците горат.
Кој настрада на Кале? Кој настрада во Бутел. Кој настрада во Автокманда? Политичарите не. Настрада децата кои беа втурнати да ги билдаат агендите на овие андарти, неколку месеци пред избори, сега неколку месеци пред Референдум.

Го притисна ли Трајко копчето кога оној Сопран на БЕСА ја пееше химната на Албанија во парламентот, или злокобно го остави да пее, за неговата задача да ја исполнат гневните луѓе кои тропаа на портите на Собранието?
Саздо не може веќе ништо да го врати. Децата кои загинаа не. Оние кои добиле лузна од боксирач, нож и слично, напалени и набуцкани од политичките центри кои 27 години не крадат и не крвосуваат можат да застанат и да ги одјебат.

Луѓето од 27 Април заглавија во затвор, Чавков и неговата елита се шлае по митинзи и продава магла. Не сакам ни да помислам дека во периодов што следи, некој искалкулирал нови жртвени јагниња кои ќе треба да изгорат за нивната слобода, за одбрана на нивните милиони кои ги ограбија од нас.
Да ги затвориме во Парламентот, без медиуми, без сведоци, и да ги оставиме да се тепаат 24 часа без прекин. Таму нека се објаснат, од прва рака. Ама нема секако. Тендерите не би врвеле, Али не би везел течно Македонски кога зборува со Кољо за некои си парцели таму. Али нема да прозбори еден збор на македонски пред новинарите, затоа што тоа е неговата лажна слика за пред аудиториумот.



Не е вистинска слика кога Гујо го прсна Талатчо со две капки вода и одглумеа конфликт. Ги чувме и нив двајцата како се договараат за Законот за Бранителите. Ние као ќе го носиме а вие пукајте амандмани, читајте го Ацо Шопов во комисиите. Додека пред Собранието млади деца удираа по штитовите на полицијата, гадовие глумеа носење Закон за загрозена група на луѓе, читајќи го Ацо Шопов и носејќи амандмани со камиони. Кога треба да се реши еден проблем на загрозените, се носат камиони амандмани, кога треба да се решат нивните парцели и тендери, тоа се решава со еден телефонски повик. Ало Мендух, ало Муса….Ми треба ова, ми треба она….Нема проблем брат, за тебе верен до смрт.

Додека они ни ги продадоа приказните дека ние треба да се закрвиме до смрт, они за бизнис интересите си станаа верни до смрт.

Убаво нека размислат оние, кои периодов се надупуваат од одредени центри да пробаат нов 27 Април, да пробаат нов Саздо по улициве, за кого треба да го прават тоа. Зандани слободни има, но и еве овој совет до сите е тука, дека вашите зандани ќе ги заборават се до новиот датум за избори. Самите одлучете, дали ќе бидете луѓе или нечија тоалетна хартија за една употреба.
Почивај во мир дете! Жртва на трулиот систем, на кој само на елитите им е идеален…

Автор: Булеварко

Претходна статија

ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА ОДДАДЕ ПОЧИТ НА ЖРТВИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ

Следна статија

НА КРИВОЛАК ЌЕ СЕ ОБУЧУВААТ ПРИПАДНИЦИ НА АРМИЈАТА НА САД

Најново од Истакнато

Последниот атентатор (8)

Спомени на Крсто Петрушев (1913-2007) од Богданци, припадник на ВМРО, запишани од Владимир Перев. На почетокот