ДОВРШЕНА БЕТОВЕНОВАТА „ДЕСЕТТА СИМФОНИЈА”

„Десеттата симфонија” на Лудвиг ван Бетовен, благодарение на вештачката интелигенција, сега е целосна.

Оркестарот „Бетовен” од Бон, Германија, планираше да ја изведе композицијата кон крајот на април, на 250-годишнината од раѓањето на славниот германски композитор. Но, поради пандемијата премиерата е одложена за ноември.

Љубителите на класична музика, за тоа треба да му се заблагодарат на „Дојче телеком”, кој го покрена овој проект. За тоа, лани беа најмени меѓународен тим музиколози, пијанистот Роберт Левин и група компјутерски стручњаци.



За „Десеттата симфонија”, Бетовен го напишал само почетокот. Конечната верзија има два дела и трае 20 до 25 минути.



Претходна статија

ШЕСНАЕСЕТТИОТ „ТАНЦ ФЕСТ“ ЌЕ СЕ ОДРЖУВА НАЕСЕН ВО ФАЗИ

Следна статија

„НАЈСТАРИ ПРИКАЗНИ“ ОД ТОМИСЛАВ ОСМАНЛИ

Најново од Култура