Доживотен затвор за тројца проруски сепаратисти за соборување на малезискиот авион над Украина во 2014 година

Окружниот суд во холандскиот град Хаг денеска осуди тројца осомничени проруски сепаратисти на казна доживотен затвор, на кои им се судеше во отсуство за нивната улога во соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ на летот MH17 над Украина во 2014 година, јави ДПА.

На двајца поранешни разузнавачи, Игор Гиркин и Сергеј Дубински, како и на водачот на проруските сили во Украина, Леонид Карченко, им е наложено да платат најмалку 16 милиони евра отштета за роднините на жртвите, јавија британските меидуми.

Сите осудени се во бегство, а се верува дека се во Русија, која нема да ги екстрадира, наведуваат британските медиуми.

Четвртиот осомничен, Олег Пулатов, е ослободен.

Окружниот суд претходно денеска пресуди дека авионот на на „Малезија ерлајнс’, на летот МХ17, бил соборен над источна Украина со проектил лансиран од противвоздушниот систем „Бук“, од поле во близина на Первомајск, во регионот Доњецк, соопшти судијата Хендрик Стенхуис.



Судот соопшти дека Русија имала целосна контрола врз проруските сили во областа во моментот кога бил соборен авионот.

Пресудата се изрекува по повеќе од осум години откако авионот „Боинг 777“, што летал од Амстердам за Куала Лумпур, на 17 јули 2014 година беше соборен, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Д-р Врабевски финансираше меѓународна конференција за аутизмот во Плевен, Бугарија

Следна статија

Финска ќе постави ограда на делови со границата со Русија

Најново од По надвор