Драмскиот театар ,,Никола Вапцаров” од Благоевград ќе гостува на 2-ри декември во Битола
Драмскиот театар ,,Никола Вапцаров” Благоевград ќе гостува на 2-ри декември во Битола со претставата ,,Метаморфози”. Претставата е во режија на бугарскиот режисер Стајко Мурџев а по текст на Овидиј.
Оваа современа интерпретација на класичните митови е спој на прекрасната актерска игра, инспиративната сценографија и длабоката емоција која го одразува бескрајното човечко стремење кон промена и преосмислување.
Влезниците за претставата која ќе биде поставена на 2-ти декември со почеток од 20 часот се бесплатни , но истите треба да бидат резервирани на веб страната на НУ Народен театар Битола или во билетарата на театарот која работи од 18-20 часот. Ве очекуваме, велат од Народен театар Битола.