Државен прогон без крај: Нов удар врз македонските Бугари
Facebook статус на Љупчо Ѓоргиевски
Репресијата против Македонските Бугари не престанува! Државата повторно прибегнува кон заплашување, кон фабрикување кривични пријави и монтирани случаи, само за да нѐ замолчи, да нѐ избрише, да нѐ натера да се откажеме од сопствениот идентитет.
На 27 февруари 2025 година, сум повикан во Основното јавно обвинителство во Битола како ОСОМНИЧЕН за наводно ширење на расистички и ксенофобичен материјал. Тоа е уште еден обид за репресија, уште еден удар врз слободата на изразување, уште еден доказ дека во Македонија постои организирана кампања за прогон на секој што јавно ќе каже дека е Македонски Бугарин.
Но, се лажат ако мислат дека со притисоци и кривични пријави ќе нѐ заплашат. Ние овде сме родени, овде сме пораснале, тука ги растеме нашите деца, тука ќе живееме и тука ќе умреме. Ниту една влада, ниту една институција, ниту еден закон донесен со цел политичка пресметка нема да ја угасне нашата борба.
Продолжуваме со уште поголема решеност, затоа што нашата кауза е праведна! Ќе се бориме додека не победиме, затоа што борбата за човековите права не може да биде поразена!