Државната опера од градот Русе во Бугарија со спектакуларен концерт во Филхармонијата на РС Македонија
Вечерва со почеток од 19 часот во Филхармонија на РС Македонија ќе се одржи концерт спектаклот „Live on Broadway“. Публиката ќе има можност да ги слушне вечните мелодии и сакани песни од најголемите мјузикли на Бродвеј.
На сцената ќе се појави харизматичниот и талентиран изведувач Рафи Бохосјан а во програмата ќе се вклучат и познатите солисти на Операта во Русе сопранот Даниела Караиванова и тенорот Борис Луков. Тие ќе настапат со оркестарот и хорот на Државна опера Русе под диригентската палка на Вилиана В’лчева. Влезот е слободен.

