| |

ДСЗИ: ГИНЕКОЛОШКА ОРДИНАЦИЈА НА Д-Р АСАНИ Е НЕРЕГИСТРИРАНА И ЗА НЕА НЕМА НИКАКОВ ДОКУМЕНТ – ИЗДАДЕНО РЕШЕНИЕ ЗА ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНА ДЕЈНОСТ ВО НЕГОВИОТ ДОМ

Врз основа на наодите од вонредниот инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), во врска со случајот за директорот на струшката болница,д-р Мухамед Асани, кабинетот на заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, е во постојна комуникација со инспекторатот за сите преземени активности. ДСЗИ ги презема сите мерки во рамки на законските надлежност за постапување со конкретниот случај, јавува ТВ 21.

ДСЗИ во ординацијата која се наоѓа во домот на д-р Асани, веќе изврши вонреден инспекциски надзор со полициска асистенција, како што налагаат правилата за надзор во објект каде нема обележано дека постои приватна здравствена устанува.

При надзорот, е констатирано комплетно опремена гинеколошка ординација, нерегистрирана, односно за којашто нема никаков документ, како што се потребните дозволи за работа и за основање на фирма. 

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави