| |

ЕУРОМАКС ЌЕ ЈА ОБЖАЛИ ПОВТОРЕНАТА ОДЛУКА НА ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА И НЕПОЧИТУВАЊЕТО НА ПРЕСУДАТА НА УПРАВНИОТ СУД

Еуромакс денеска преку соопштение посочува дека Државната комисија на Северна Македонија ја занемарила конечната одлука на Вишиот управен суд на Република Северна Македонија, што е во корист на Еуромакс и е објавена на 7-ми декември 2020 година, иако комисијата е одговорна за нејзиното спроведување.

„Државната комисија, наместо тоа, ја потврди одлуката на министерот за економија да го одбие барањето на Еуромакс за дозвола за експлоатација за концесијата Иловица 6. Еуромакс повторно ќе ја обжали одлуката на Државната комисија во Управниот суд на Северна Македонија и согласно законската регулатива за работењето на владините институции, секоја понатамошна одлука на Управниот суд ќе биде извршна. Согласно правниот совет од нашиот правен тим, друштвото останува убедено во својата силна правна позиција, како и дека постапките на Државната комисија се незаконски“, пишуваат во соопштението.

Од таму додаваат дека иако ова претставува назадување во процесите за враќање на концесијата Иловица 6, Еуромакс ќе продолжи да бара од Владата на Северна Македонија посветено да се ангажира за решавање на прашањето.

„Покрај бројните обиди на компанијата да ја покани Владата во дискусија, вклучително и со доставата на официјалното известување за потенцијален меѓународен арбитражен случај во март 2020 година, забележуваме дека Владата на Северна Македонија не успеа да се вклучи во дискусии за отворените прашања. Еуромакс ќе продолжи да ги користи сите законски можности во Северна Македонија и ја задржува и опцијата својот случај да го штити во процес пред меѓународна арбитража согласно Швајцарско-македонскиот билатерален договор за инвестиции“, велат од таму.

Заедно со нивната силна правна позиција, Компанијата истакнува дека Проектот Иловица-Штука создава можност која е целосно во согласност со изјавите на Владата да даде приоритет на економскиот раст и да ги поттикне странските капитални инвестиции.

Посочуваат дека „всушност, со реализацијата на проектот Иловица-Штука, веруваме дека Еуромакс ќе стане најголемата потенцијална странска инвестиција во Северна Македонија. Компанијата е поддржана од големи меѓународни инвеститори. Еуромакс и нејзините инвеститори се подготвени значително да инвестираат во Проектот Иловица-Штука, што се очекува да создаде речиси 3.000 директни и индиректни работни места и да го зголеми националниот и локалниот БДП“.

„Одлуката на Државната комисија да ја игнорира конечната одлука на Управниот суд е разочарувачко уназадување на нашиот правен процес за враќање на концесијата Иловица 6. Особено што забележавме дека министерот за економија и министерот за правда јавно изјавија во интервјуа дека не гледаат причина да ја променат првичната негативна одлука и при тоа двајцата признаа дека ниту ја виделе ниту ја анализирале пресудата на Судот“, изјави Тим Морган-Вини, извршен претседател на Еуромакс.

Николас Треанд, претседател и извршен директор на Еуромакс, изјави: „Во сегашната очајна економска ситуација, каде што недостатокот на можности за вработување принудува многу македонски поединци и семејства трајно да се иселат од Македонија, Владата фрустрира со нејзиниот однос кон она што може да биде најголемата инвестиција во земјата. Еуромакс сака да развие рудник од светска класа според највисоките безбедносни стандарди и стандарди за заштита за животната средина, што овозможува фантастична шанса за неутрализирање на ужасното влијание од актуелната пандемија и заживување на регионот.

Слични Објави