| |

ПРОДОЛЖУВА КОМБИНИРАНАТА НАСТАВА, ЕДНИ ОД ДОМА, ДРУГИ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, вели дека онлајн настават ќе продолжи до крајот на училишната година.

– Комисијата за заразни болести заседаваше пред еден месец за тоа дали ќе има нови промени. Сметам дека е најбезбеден е начинот на кој започна училишната година така и да заврши.Се со цел да се одржи во континуитет, сепак  бројот на позитивни случаи во образованието да остане како и досега. Доколку има радикална промена во епидемиолошката состојбата, тогаш министерството за здравство и МОН заедно ќе разговараат за новите промени, но засега останува образованието да се продолжи на досегашниот начин – вели Царовска.

Слични Објави