| |

Духовникот кој со кристален глас ги отпеа сите 14 строфи на бугарската училишна химна „Върви, народе възродени“ на гробот на Св. Кирил во Рим

Еден висок , многу висок духовник во црно расо ги собира погледите на стотици туристи, дошле да остават паричка за среќа во фонтаната Ди Треви во Рим.

Денот е 24 мај 2005 година. Русенскиот митрополит Неофит е првиот бугарски духовник кој влегува во храмот ,,Св. Викентиј и Анастасиј ” подарен од папата Јован Павле II за црковно служение на бугарската црква. Преминува величествено преку плоштадот, телефони и камери се подготвени за фотографии а љубопитни Јапонци прашуваат кој е овој впечатлив маж.
Малку подоцна тогаш 60 годишниот духовник ги отпеал сите 14 строфи од бугарската училишна химна „Върви, народе възродени“ на гробот на ,,Св.Кирил” во римската базилика „Сан Клементе“.

Неговиот глас е неповторлив а познати Бугари кои биле во италијанската престолнина поради 24 мај, збунето ги наведуваат главите , бидејќи запреле по втората строфа , за потоа да направат громогласен аплауз по изведбата на финалната строфа на напишаниот во Русе во 1882 година ,,Проект за химна на сите училишта “.

Неофит се насмевнува збунето и ветува наредниот пат да раздаде песнарки, плус две CD со црковни песнопенија во негова изведба.
Осум години подоцна на 24 февруари 2013 година тој излегува по неговата интронизација од катедралниот храм ,,Св. Александар Невски ” со титулата Патријарх Бугарски и Митрополит Софиски.

Ретко има луѓе кои се сакани од сите , Неофит беше токму таков човек.

(Целиот напис прочитајте го во весник 24 часа)

Слични Објави